ПОДГОТОВКА И ОБРАБОТКА НА ВИЗИ
ПОДГОТОВКА И ОБРАБОТКА НА ВИЗИ ЗА АМЕРИКА
Неимигрантски видови на визи
Бизнис, Туристичка, Посета и Медицинска
Студентски визи (F и M)
Разменети посетители (J)
Привремени работници
Привремени религиозни работници
Договорни трговци и договорни нвеститори
Странски медиуми
Неимигрантските визи се за меѓународни патници (државјани на други држави) кои привремено доаѓаат во САД.
Оваа виза Ви овозможува да патувате до некој од влезовите во САД (на пример, аеродром) и да побарате дозвола од имиграциониот инспектор на Одделот за национална безбедност за да влезете во САД. Визата не Ви гарантира влез во САД.
Имигрантски визи
Имигрирањето во САД за да живеете постојано е важна и комплексна одлука.
Со цел да имигрирате во САД, потребно е да имате блиски роднини кои може да пополнат за Вас имиграциона петиција.
Овој роднина треба да е родител, сопружник, дете или роден брат/сестра или полубрат/полусестра и треба да биде државјанин на САД или лице со законски постојан престој во САД.
Имигрирање во САД е исто така возможно преку вработување.
Друг начин за да имигрирате во САД е да аплицирате за Програмата за Лотарија за виза која секоја година ја организира владата на САД.
Државјанството е едно од најпосакуваните поклони кои може да ги подари владата на САД и најважната бенефиција на имиграцијата која USCIS може да ја даде.
Повеќето лица стануваат државјани на САД според еден од овие два начини:
- Со раѓање,
- Со натурализација.
Натурализацијата е процес со кој државјанството на САД се добива откако странски државјанин исполнил одредени услови поставени од Конгресот во Повелбата за имиграција и националност (INA).
Основните услови за административна натурализација вклучуваат:
-период на постојан престој и физичко присуство во САД;
-престрој во посебен округ на USCIS пред самото поднесување;
-можност за читање, пишување и зборување на Англиски јазик;
-познавање и разбирање на историјата и владата на САД;
-добар морален карактер;
-приврзаност на принципите на Уставот на САД;
-наклонет карактер кон САД.
ПОДГОТОВКА И ОБРАБОТКА НА ВИЗИ ЗА АВСТРАЛИЈА
- БИЗНИС ВИЗА
- СТУДЕНТ ВИЗА
- ТУРИСТИЧКА ВИЗА- РАБОТНА ВИЗА
- ФАМИЛИЈАРНА ВИЗА ...
Историја за Емиграцијата во Австралија
Емиграцијата одигра важна улога во порастот на населението и економскиот развој на Австралија. Првиот рекорд е постигнат пред 50 000 години, кога предците на Австралиските домородци се доселија од островите на Малајскиот Архипелаг и Нова Гвинеја.
Недостатокот на работна сила, пространоста на земјата и желбата за ново богатство –каде основни дејности се: фармерство, рударство и трговија, Австралија ја прават земја на можности. Во 1851 Австралија како домаќин на Златната грозница, води кон огромна експанзија во популацијата, вклучувајќи голем број на доселеници од Британија и Ирска, а помал број на Германци,Кинези..
Денес, Австралија е една од најголемите мултикултурни нации во светот. Се зборуваат над 200 јазици – англискиот како заеднички јазик.
Како што расте економијата во Австралија, расте и бројот на мигрантите. Постои критериум како основа за три групи на селектирани permanent мигранти:
- Фамилијарна eмиграција – за роднини
- Eмиграција – за оние со посебни технички или професионални квалификации или ресурси
- Хуманитарна eмиграција– прием на бегалци.
За бројот на примени апликанти, за секоја програма, се одлучува со консултации на заедницата.
Визите се бараат за привремен влез, вклучувајќи и квалификувани работници, туристи, студенти.
27 неверојатни факти за Австралија
Најдоцна откриена, најоддалечена, изолирана и поштедена од сите војни, Австралија, можеме слободно да кажеме е свет за себе. Можеби сте имале среќа да ја посетите, можеби само сте слушнале некои работи за неа, но овие неколку занимливости во секој случај добро ќе ве расположат!
1. Ширината на Австралија одговара на оддалеченоста меѓу Лондон и Москва.
2. Најголемиот приватен имот во Австралија е поголем од Белгија.
3. Над 85 отсто Австралијци живеат внатре, 50 километри од брегот.
4. Во 1880 година, Мелбурн бил најбогат град на светот.
5. Најбогатата жена во Австралија, Џина Рајнхарт заработува милион долари секој половина час, т.е. 598 долари секоја секунда.
6. Во 1892 година група од 200 Австралијци незадоволни од постоечката влада се обиделе да почнат колонија во Парагвај под името Нова Австралија.
7. Австралија била втора земја на светот која на жените им дала право на глас.
8. Секоја недела 70 отсто туристи остануваат подолго во Австралија од што им дозволува визата.
9. Во 1856 година австралиските клесари покренаа акција за да се обезбеди стандардот на осум часовно време. Нивниот подвиг се прошири во светот, а работниот ден од 8 часа стана официјално работно време во многу земји во светот.
10. Поранешниот премиер на Австралија Боб Хоук постави светски рекорд во пиење на 2,5 литри пиво, за 11 секунди!!!
11. Во Австралија се наоѓа најдолгата ограда на светот, долга е дури 5.614 километри, според која е снимен и филмот Rabbit Proof Fence.
12. Најстариот фосил на светот, кој е стар околу 3,4 милиони години, е најден во Австралија.
13. Австралија е многу ретко населена. Велика Британија има 248,25 жители по квадратен километар, додека Австралија има само 2,66.
14. Првата полиција во Австралија се состоела од затвореници кои имале примерно владеење.
15. Австралија има највисока цена на електричната енергија во светот.
16. Внатрешноста на Австралија е дом на над милион диви камили.
17. Саудиска Арабија увезува камили од Австралија, главно за производство на месо.
19. Австралијците трошат повеќе пари на коцкање од која било друга нација.
20. Австралија е една од државите која учествуваше во основањето на ОН.
21. За Мелбурн се верува дека е спортски центар на светот.
22. Пред доаѓањето на луѓето, Австралија била дом на огромни животни. Во неа живееле три метри високи кенгури, патки со коњски лик и големи лавови.
23. Кенгурите и ему птиците не можат да одат наназад.
24. Ако секој ден посетувате една плажа во Австралија, ви требаат 27 години да ги посетите сите.
25. Мелбурн е дом на најголемата заедница на Грците, надвор од Атина.
26. Големиот корален гребен во Австралија е најголема жива структура на светот.
27. Големиот корален гребен има свој поштенски број!
ПОДГОТОВКА И ОБРАБОТКА НА ВИЗИ ЗА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Велика Британија или Обединетото кралство е островска држава која се наоѓа во Северо-западниот дел од Европа.
Велика Британија се состои од 4 дела: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Зафаќа површина од 242.521 км2 и има вкупно 58.801.500 жители.
Главен град е Лондон кој има околу 10 милиони жители.
Други поголеми градови се Манчестер, Ливерпул, Лидс, Њукасл, Глазгов.
Службен јазик е англиски.
Од Април 2014, Визниот процес за аплицирање во Македонија го води нашиот трговски партнер Teleperformance LTD.
Сите апликации за виза треба да се направат online, се закажува термин за интервју – со ваши биометриски податоци.
Откако онлајн процесот за аплицирање е завршен, апликантите, исто така треба да ги регистрираат своите податоци на веб страната на Виза центарот за аплицирање
ПОДГОТОВКА И ОБРАБОТКА НА ВИЗИ ЗА КАНАДА
САКАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО КАНАДА?
За граѓаните на нашата земја да можат да патуваатво Канада, без разлика дали ќе одат туристички или работно, постојат неколку видови визи .
Основната поделба на визите е на привремени, односно туристички, деловни посети итн, и трајни, како иселенички визи. Секоја од овие визи има различни карактеристики, и бара различни критериуми за апликација и добивање, согласно имиграционите закони на Канада.
Постапката за добивање на работна виза се четири, од кои две се стручни и каде што се врши стручно усогласување со законите на Канада, другите две се формални каде се прават медицински проверки на кандидатите, безбедносни проверки итн.
Постапката за туристичка виза е доста краток, во однос на тоа дали имате целосна документација, од поденсување на документите за туристичка виза до издавањето на истата може да поминат од два до седум дена. Кај продолжените визи состојбата е малку поразлична, бидејќи постапката се води во Канада.
Што се однесува до документите потребни за аплицирање за работна виза во Канада, таа почнува од официјалното барање на канадски работодавач, кој ќе ви испрати понуда за работа заверена од канадското Биро за вработување.
На основа на пријавата од работодавачот, канадското Биро за вработување прво проверува дали барањето е основано, односно дали може да се вработи некој канадски државјанин на местото за кое е поднесена понудата за работа на странското лице, кое го бара компанијата, во случајот вие.
Таа проверка, односно испитувањето на работник на пазарот на труд во Канада трае неколку недели. Во случај да не се пронајде таков работник во Канада, односно во случај Бирото за вработување да смета дека барањето на работодавачот е основано, тогаш му издава потврда на работодавачот дека може да повика работник од странска земја да работи кај него.
Правото за аплицирање за канадско државјанство, се добива по протекот на три години постојан престој во Канада. При таа прилика се полага и испит за државјанство.