ВИЕНА
Виена со сигурност е најелегантниот град во Европа. Преполн со антички архитектонски богатства, но сепак со многу извонредни современи згради. Виена е компактен град кој успешно се вклопува во новиот век. За љубителите на уметноста гратот претставува една најголема збирка на вчудоневидувачки колекции повеке од 100 галерии и музеи чекаат да бидат откриени од ваша страна. Виена е еден од најживите градови кога станува збор за викенд, ке бидете разгалени од изборот на перформанси во живо на секој можен начин а ке бидете вчудоневидени ако се одлучите да го посетите градот за време на Божиќните празници. Ноќниот живот во Виена, исто така, ќе ве воодушеви и изненади во еднаква мерка. Како магнет за забава за сите возрасти, сигурно нема да ви недостигаат опции и идеи, а убавината е во тоа што толку многу забава е во форма на настапи во живо. Инспиративната архитектура е дел од самите темели на Виена, со обележја како што се катедралата Свети Стефан, и неверојатните палати Шенбрун и Хофбург кои се истакнуваат како апсолутни -морате да ги посетите за време на кратката посета на Виена. Повеќе отколку повеќето други европски метрополи, Виена е одлична локација за семејството за викенд пауза, и децата ќе имаат часови за забава на традиционалниот „funfair“ и најстарата зоолошка градина во светот во Шенбрун и Prater парк. Потоа, се разбира, тука се и настапите на светски познатиот „Lipizzaner“ коњите на шпанската школа за јавање.
Топ 10 места од интерес:
1. ''Schonbrunn Palace „
2. Hofburg Imperial Palace
3. Кулата Danube
4. Комплексот Belvedere
5. Kunsthistorisches музејот
6. Кралската градина Burggarten
7. Катедралата St Stephen's
8. Schonbrunn Золошката
9. Шпанската Јавачка школа
10. Градското собрание
Предлог програма:
1 ден: Присигнување. Индивидуален трансфер до xотел. Најдобриот начин за да го запознаете овој град е пешачејќи низ него. Овој ден може да го поминете најпрво посетувајќи ја црквата св,''Stephen” каде што се наоѓа еден од најубавите погледи на градот.
2 ден: Појадок. Препорачуваме: Посета на Палатата Schonbrunn .
3 ден: Појадок. Препорачуваме: Посета на забавниот парк Parter, каде сто би имале можност да се возите на огромото тркало, во попладневните часови препорачуваме посета на музејот Madam Tisso, вечерта препорачуваме да ја поминете во прекрасната Данубе Кула со незаборавниот поглед кон градот во ротирачкиот ресторан кој ќе ви пружи поглед 360 степени .
4 ден: Појадок. Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот.
Цена: од 163 €
Во цената на пакетот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Братислава - Скопје
- Аеродромски такси
- Хотелско сместување во хотел *** / 3BB/RO
Летови: секој ден
* цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.
Во цената на пакетот не е вклучено:
- Трансфер: aеродром - хотел, со автобуски превоз 18 €, во еден правец (информативно)
- Трансфер со ТAXI = 55-65 € за две лица, во еден правец (информативно)