STAY INSPIRED

Experience the essence of travel

ОСТАНЕТЕ ИНСПИРИРАНИ

Доживејте ја суштината од патувањето

The harmony of travel

Хармонијата на патувањето

STAY IN TOUCH

Be as connected as you want to be.

ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТ

Бидете толку поврзани колку што Вие сакате

Whenever. Wherever.

Кога ... и Каде

Being away from home or the office has never been so easy, so convenient, so inspiring

Далеку од дома и канцеларија никогаш не било полесно, толку згодно и толку инспиративно

STAY PASSIONATELY

You are special.

Ти си посебен

ОСТАНЕТЕ СТРАСНО

Stay with us and expect highly qualified service and support with a smile.

Останете со нас и очекувајте високо професионална услуга и поддршка со насмевка

Call it our passion.

Тоа е нашата СТРАСТ

Welcome to the art of travel living.

Добредојдовте во уметноста на патувањето и живеењето

ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА - ТУРЦИЈА АНТАЛИЈА БОДРУМ КУШАДАСИ - ЕГИПЕТ ХУРГАДА ШАРМ ЕЛ ШЕИК - ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ - ЦРНА ГОРА - ХРВАТСКА - КИПАР - БУГАРИЈА - АЛБАНИЈА - ИТАЛИЈА - ШПАНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА - МАЛТА
  • ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА

ВЕНЕЦИЈА

За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.

venecija

Топ 10 места од интерес:

1. Плоштадот и базиликата Св.Марко
2. Мостот "Rialto"
3. Мостот на воздишките
4. Дуждовата палата
5. Каналот “Canal Grande”
6. Саат кулата Campanile
7. "Rialto Market"
8. Возење со гондола
9. Островите: Мурано, Бурано и Торчело
10. "Peggy Guggenheim" и "Correr" музеите.

Предлог програма:

1 ден: Залутајте навечер низ уличките на Венеција и завршете ја вашата прошетка на плоштадот Св.Марко. Седнете во некое од кафулињата на плоштадот со поглед кон прекрасната базилика Св.Марко. Продолжете ја ноќта низ рестораните вкусувајќи ја италијанската кујна.
2 ден: Разглед на Венеција: Посета на Дуждовата палата, Мостот на Воздишките, Саат Кулата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде...
3 ден: За сите оние со истражувачки дух и кои претпочитаат динамика во патувањата им препорачуваме да ја посетат Верона, градот во кој се има случено најголемата љубовна трагедија опеана во Шекспировата ''Ромео и Јулија''.
4 ден: Слободно време. Препорачуваме два часа пред летот да бидете на аеродром.

Цена: од 82 €

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје – Венеција – Скопје/WizzAir
- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување во xотел *** во Местре / 3 BB

Летови: секој среда и недела, 
*цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер: aеродром - xотел, со редовни "shuttle bus" линии 10 € по лице по правец (информативно)
- Приватен трансфер aердодром – xотел 60 € (информативно)

Веб страната од туристичка агенција ЛИОН ОЛИМПИК е од информативен карактер.Со цел за потполна информираност Ве молиме сите информации да ги проверите директно во агенција,по телефон, е-маил или лично. Ви благодариме на разбирањето.