STAY INSPIRED

Experience the essence of travel

ОСТАНЕТЕ ИНСПИРИРАНИ

Доживејте ја суштината од патувањето

The harmony of travel

Хармонијата на патувањето

STAY IN TOUCH

Be as connected as you want to be.

ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТ

Бидете толку поврзани колку што Вие сакате

Whenever. Wherever.

Кога ... и Каде

Being away from home or the office has never been so easy, so convenient, so inspiring

Далеку од дома и канцеларија никогаш не било полесно, толку згодно и толку инспиративно

STAY PASSIONATELY

You are special.

Ти си посебен

ОСТАНЕТЕ СТРАСНО

Stay with us and expect highly qualified service and support with a smile.

Останете со нас и очекувајте високо професионална услуга и поддршка со насмевка

Call it our passion.

Тоа е нашата СТРАСТ

Welcome to the art of travel living.

Добредојдовте во уметноста на патувањето и живеењето

ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА - ТУРЦИЈА АНТАЛИЈА БОДРУМ КУШАДАСИ - ЕГИПЕТ ХУРГАДА ШАРМ ЕЛ ШЕИК - ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ - ЦРНА ГОРА - ХРВАТСКА - КИПАР - БУГАРИЈА - АЛБАНИЈА - ИТАЛИЈА - ШПАНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА - МАЛТА
  • ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА

МИНХЕН

Германскиот град кој со право го заслужува епитетот најкосмополитски или пак град ''со срце'' е престолнината на Баварија, Минхен. Град во кој се испиваат безброј кригли на пиво во месец октомври, изобилието на прекрасни дворци, плоштади, градини, музеи, беспрекорни авении, го прават овој град една од најпоскуваните германски дестинаци. Миксот на архитектура од рококо палати кој кулминира со најсовремени архитектонси решенија, многубројните езера во самиот град и неговата околина, ноќниот живот, како и самите негови жители кои прават да се чуствувате добродојдено во секое време, го даваат впечатокот на дестинација која секако треба да ја посетиме.

minhen

Топ 10 места од интерес:

1. “Marienplatz”
2. „Frauenkirche“ катедралата
3. „Neuschwanstein Castle“
4. „Deutsches Museum“
5. „English Garden“
6. “Kaufingerstrasse”
7. Музејот на BMW
8. “Hofbräuhaus”
9. Олимпискиот комплекс
10. Езерото Старнберг

Предлог програма:

1 ден Предлагаме разглед на градот и посета на: Операта, Карсплац, Каролиниот плоштад со обелискот, Леополдовта улица, Старата градска куќа (Ратхаус),Триумфалната капија, во вечерните часови посета на некој од локалните ресторани со традиционална храна.
2 ден Предлагаме : Посета на Старнберг езерото кое е одалечено на 25км од Минхен и кое е опкружено со Баварските Алпи и прекрасен пејсаж или пак Езерото Simssee каде што се наоѓа палата во рококо стил изградена по моделот на Версај, во вечерните часови посета на некоја од локалните пивници каде што се точи надалеку познатото баварско пиво. 
3 ден Предлагаме: релаксиран ден пред кога може да ја посетите познатата минхенска зоoлошка градина која брои над 5000 видови на животни или пак Англиската градина која претставува'' Зеленото срце“ на Минхен и е со големина на Централ парк во Њујорк.
4 ден Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот.

Цена: од 140 €

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје–Меминген-Скопје
- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување во хотел ***/****, на база 3 BB

Летови: вторник, четврток и сабота 
*Цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на Авио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Автобуски превоз од аеродром до Минхен од 22 € (информативно)
- Трансфер со TAXI 60-70 €, во еден правец за две лица (информативно)

Веб страната од туристичка агенција ЛИОН ОЛИМПИК е од информативен карактер.Со цел за потполна информираност Ве молиме сите информации да ги проверите директно во агенција,по телефон, е-маил или лично. Ви благодариме на разбирањето.