ВЕНЕЦИЈА
За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.
Топ 10 места од интерес:
1. Плоштадот и базиликата Св.Марко
2. Мостот "Rialto"
3. Мостот на воздишките
4. Дуждовата палата
5. Каналот “Canal Grande”
6. Саат кулата Campanile
7. "Rialto Market"
8. Возење со гондола
9. Островите: Мурано, Бурано и Торчело
10. "Peggy Guggenheim" и "Correr" музеите.
Предлог програма:
1 ден: Залутајте навечер низ уличките на Венеција и завршете ја вашата прошетка на плоштадот Св.Марко. Седнете во некое од кафулињата на плоштадот со поглед кон прекрасната базилика Св.Марко. Продолжете ја ноќта низ рестораните вкусувајќи ја италијанската кујна.
2 ден: Разглед на Венеција: Посета на Дуждовата палата, Мостот на Воздишките, Саат Кулата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде...
3 ден: За сите оние со истражувачки дух и кои претпочитаат динамика во патувањата им препорачуваме да ја посетат Верона, градот во кој се има случено најголемата љубовна трагедија опеана во Шекспировата ''Ромео и Јулија''.
4 ден: Слободно време. Препорачуваме два часа пред летот да бидете на аеродром.
Цена: од 82 €
Во цената на пакетот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје – Венеција – Скопје/WizzAir
- Аеродромски такси
- Хотелско сместување во xотел *** во Местре / 3 BB
Летови: секој среда и недела,
*цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.
Во цената на пакетот не е вклучено:
- Трансфер: aеродром - xотел, со редовни "shuttle bus" линии 10 € по лице по правец (информативно)
- Приватен трансфер aердодром – xотел 60 € (информативно)