STAY INSPIRED

Experience the essence of travel

ОСТАНЕТЕ ИНСПИРИРАНИ

Доживејте ја суштината од патувањето

The harmony of travel

Хармонијата на патувањето

STAY IN TOUCH

Be as connected as you want to be.

ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТ

Бидете толку поврзани колку што Вие сакате

Whenever. Wherever.

Кога ... и Каде

Being away from home or the office has never been so easy, so convenient, so inspiring

Далеку од дома и канцеларија никогаш не било полесно, толку згодно и толку инспиративно

STAY PASSIONATELY

You are special.

Ти си посебен

ОСТАНЕТЕ СТРАСНО

Stay with us and expect highly qualified service and support with a smile.

Останете со нас и очекувајте високо професионална услуга и поддршка со насмевка

Call it our passion.

Тоа е нашата СТРАСТ

Welcome to the art of travel living.

Добредојдовте во уметноста на патувањето и живеењето

ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА - ТУРЦИЈА АНТАЛИЈА БОДРУМ КУШАДАСИ - ЕГИПЕТ ХУРГАДА ШАРМ ЕЛ ШЕИК - ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ - ЦРНА ГОРА - ХРВАТСКА - КИПАР - БУГАРИЈА - АЛБАНИЈА - ИТАЛИЈА - ШПАНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА - МАЛТА
  • ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА

СТОКХОЛМ

Стокхолм е главниот град на Шведска, но и најнаселен град на Скандинавскиот полуостров во кој живее 22% од населението во Шведска. Основан во 1250 год. Стокхолм од секогаш бил и е економски, културен и политички центар на Шведска. Неговата локација се простира на 14 острови. Градот е познат по својата убавина и специфичната архитектура, неговата чистота и опкруженоста со вода како и големиот број на паркови. Познат и како Венеција од северот. Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали ќе сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе може да го испиете првото утринско кафе со единствен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини од кои ќе ви застане здивот за миг.

stockholm

Топ 10 места од интерес:

1. "Gamla Stan" - стариот град
2. Кралската Палата
3. Бродскиот музеј Васа
4. Музејот на отворено "Skansen"
5. Паркот "Djurgarden"
6. "Fotografiska"
7. Градското Собрание
8. Музејот на современа ументост
9. Крстарење со брод по Stromma
10. "Sky View" - Панорамски разглед

Предлог програма:

1 ден Препорачуваме: Бесплатна тура низ градот со водич, која почнува од плоштадот Сергел, посета на кралската палата која е една од најголемите во светот која и воедно е официјалната резиденција на Шведскиот Крал и во неа има преку 600 соби. „Sky View“ – претставува модерна атракција која ви овозможува панорамски разглед на градот од 130м надморска височина, посета на стариот град кој воедно е најстариот дел на Стокхолм кој воодушевува со својата архитектура, Катедралата во Стокхолм која датира од 13 век е една од најстарите градби во стариот град.
2 ден Преpoрачуваме : Посета на бродскиот музеј Васа во кој се наоѓаат најсочуваните потонати бродови во светот , Нордскиот музеј, палатата Доротингхолм, куќата на културата... 
3 ден Предложуваме: Посета на Националниот музеј на уметноста, посета на улицата Фјалгатан која нуди спектакуларен поглед на градот, градското собрание...
4 ден Предложуваме: Еден прекрасен начин за да се запознаете со Стокхолм, е 75-минутнопатување со автобус ви овозможува да се запознаете со познати места и згради и да уживате во фантастичните погледи. Купете билет во киоскот на Густав Ādolfs torg...
5 ден Слободно време за шопинг до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

Цена: од 159 €

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје - Стокхолм - Скопје
- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување во хотел *** / 3BB

Летови: петок и понеделник 
* цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер: aеродром - хотел, со градска железница 19 € (информативно)
- Трансфер со ТAXI = 170 € за две лица, во еден правец (информативно)
- Приватен трансфер: aеродром–xотел 150 €, во еден правец (информативно)

Веб страната од туристичка агенција ЛИОН ОЛИМПИК е од информативен карактер.Со цел за потполна информираност Ве молиме сите информации да ги проверите директно во агенција,по телефон, е-маил или лично. Ви благодариме на разбирањето.