ПАРИЗ
Париз, “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на Светот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во лето, прошетајте покрај Сена, почестете се со кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата или едноставно прошетајте низ бројните паркови. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи се по замрзнатото лизгалиште под ведро небо. Во пролет, почувствувајте ја магијата на воздухот со посета на Версајските градини, кои ќе Ве опијат со своите мириси. Без разлика на тоа колку долго ќе трае Вашата посета на овој град, во моментот на заминување ќе знаете дека за сигурно еден ден повторно патот ќе Ве доведе токму тука, во “градот на светлината”.
Топ 10 места од интерес:
1. Ајфелова Кула
2. Триумфална Капија
3. Лувр
4. Версај
5. Катедралата „Notre Dame”
6. Плоштадот „Concorde”
7. „Montmartre”
8. Базиликата „Sacre Coeur”
9. „Moulin Rouge”
10. „Champs Elysees”
Предлог програма:
1 ден Прошетајте по плоштадот Конкорд, плоштадот Вандом,посетете ја Операта, музејот Лувр, црквата Нотр Дам, Елисејските полиња, Домот на Инвалидите, Ајфеловата Кула, крстарете по реката Сена... Во вечерните часови уживајте во Латинскиот кварт.
2 ден Препорачуваме : посета на најбогатиот музеј во светот – Лувр. Прошетката може да продолжи по Авенијата „Champs Elysees”, Триумфалната Капија, плоштадот Конкорд, Центарот Помпиду,Богородичната црква - Катедралата Нотр Дам. Вечерта е идеална за прошетка низ уметничкиот кварт Монмартр со посета на базиликата „Sacre Coeur“, а крајот на вечерта издвојте го за Mулен Руж.
3 ден Пред заминување препорачуваме посета на Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најзначајните дворци во светот.
4 ден Приватен трансфер. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.
Цена: од 155 €
Во цената на пакетот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје-Париз-Скопје
- Аеродромски такси
- Хотелско сместување во хотел ***/**, на база 3 BB
Летови: вторник со сабота
* Цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата.
Во цената на пакетот не е вклучено:
- Приватен трансфер: aеродром - xотел од 70 €, за автомобил (мах 3лица) (информативно)
- Трансфер со железница од 12,50 € (информативно)
- Трансфер со автобус во еден правец 39 €
- Трансфер со TAXI 50-75 €, во еден правец (информативно)
- Превоз со метро: 1карта=1,60 €, карнет карта за 10 возења = 11,40 € (информативно)