МАЛМЕ
Лоциран во југозападна Шведска, Малме - некогашно рибарско пристаниште, денес претставува современ град со богатата историја, прекрасна архитектура, многубројни паркови и исклучително космополитски дух. Во 2007 година овој град беше прогласен за еден од 15те најзелени градови на планетата. Многубројните концертни и културни случувања, во 2013 година град домаќин на Евровизија, како и поврзаноста со Копенхаген се лајтмотив повеќе за посета на овој град.
Топ 10 места од интерес:
1. Turning Torso зградата
2. Malmö Stadsbibliotek
3. Stortorget и Lilla torg - плоштадите
4. Кралскиот парк
5. Malmöhus - Замокот
6. Црквата Св.Петар
7. Sodergatan улицата
8. Øresund мостот
9. Риберсборг плажата
10. Пристаништето
Предлог програма:
1 ден: Присигнување. Индивидуален трансфер до xотел. Препорачуваме: пешачка тура и запознавање со околината, попатно посетувајќи ги надалеку познатата ''Turning Torso'' зградата, црквата Св. Петар, ''Storget'' и ''Lilla torg'' плоштадите, Малмо замокот. Вечера во некој од локалните ресторани кои нудат незаборавен поглед на градското пристаниште .
2 ден: Појадок. Препорачуваме: Еднодневен излет до Копенхаген (45 км.), минувајќи преку најдолгиот висечки мост во Европа (''Øresund Bridge''). Патувањето може да го изведете на тој начин што би изнајмиле возило, би патувале со воз или пак би користеле автобуски превоз.
3 ден: Појадок. Препорачуваме: посета на Риберсборг плажата, кралскиот парк, или пак шопинг ден по ''Sodergaten'' улицата која покрај шопингот ќе ви понуди и опуштено кафе-уживање.
4 ден: Појадок. Слободно време. Препорачуваме два часа пред летот да бидете на аеродром.
Цена: од 290 €
Во цената на пакетот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Малме - Скопје
- Аеродромски такси
- Хотелско сместување во хотел *** / на база 3 BB
* Цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата.
Во цената на пакетот не е вклучено:
- Трансфер: Аеродром - Хотел
Останати опции за превоз:
- Јавен транспорт од аеродром до градот, од 12 €, по правец (информативно).
- Приватен трансфер со такси, од 30 €, по правец (информативно).