МАЛАГА
Надалеку познат како родниот град на Пабло Пикасо, град богат со културно-историски вредности преку 3000 години стари од времето на Феникијците, Римјаните, Арапите го прават овој град музеј на отворено. Денес, Малага претставува современ град во кој што спојот на антиката и современото создаваат идеална дестинација за посета. Градот изобилува со културно-историски споменици, музеи, прекрасни песочни плажи, ликовни галерии, надалеку познати кафулиња, барови, клубови. Неговата одлична инфраструктурна поврзаност со Гранада, Кордоба, Марбеља дополнително го прават идеално место за уживање. Вредно за посета, зар не ?
Топ 10 места од интерес:
1. Палатата Alcazaba
2. Катедралата
3. Музејот на Пикасо
4. Римскиот театар
5. Plaza de la Merced – родната куќа на Пикасо
6. Музејот на Carmen Thyssen
7. Музејот на современа уметност
8. Гибралфаро замокот
9. Црквата Sagrado Corazon
10. Градините на Педро Алонзо
Предлог програма:
1 ден Пристигнување и сместување во хотел, слободно време за запознавање на околината,опуштено пешачење по некоја од локалните плажи или пак посета на некој од знаменитостите во близина на хотелот.
2 ден Препорачуваме : Музејот на современа уметност, музејот на Carmen Thyssen, музејот на Пикасо, родната куќа на Пикасо, многубројните плоштади. Во вечерните часови посета на некој од локалните ресторани со традиционална Фламенго вечер.
3 ден Препорачуваме : Посета на Гранада (132 км.), Кордоба (163 км.) или Марбеља (59 км.) кои се одлично комуникациски поврзани со Малага.
4 ден Препорачуваме: Црквата на Светото Срце, градините на Педро Алонзо, Ботаничката градина, локалниот пазар Atarazanas изграден во 1879 година., Музејот на отворено...
5 ден Слободно време. Приватен трансфер. Препорачуваме да бидете на аеродром два часа пред поаѓање.
Цена: од 470 €
Во цената на пакетот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Софија–Мадрид–Малага–Мадрид-Софија
- Хотелско сместување во хотел по избор / 4 BB
Летови: петок – вторник
*цената и саатниците зависат од мооментално расположливите места.
Во цената на пакетот не е вклучено:
- Автобуски прецоз до Софија: (1.850 мкд, повратен билет)
- Трансфер: aеродром - xотел - aеродром
- Tрансфер со локален автобуски превоз: до ценатрот на Малага = 3 €, по правец.