STAY INSPIRED

Experience the essence of travel

ОСТАНЕТЕ ИНСПИРИРАНИ

Доживејте ја суштината од патувањето

The harmony of travel

Хармонијата на патувањето

STAY IN TOUCH

Be as connected as you want to be.

ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТ

Бидете толку поврзани колку што Вие сакате

Whenever. Wherever.

Кога ... и Каде

Being away from home or the office has never been so easy, so convenient, so inspiring

Далеку од дома и канцеларија никогаш не било полесно, толку згодно и толку инспиративно

STAY PASSIONATELY

You are special.

Ти си посебен

ОСТАНЕТЕ СТРАСНО

Stay with us and expect highly qualified service and support with a smile.

Останете со нас и очекувајте високо професионална услуга и поддршка со насмевка

Call it our passion.

Тоа е нашата СТРАСТ

Welcome to the art of travel living.

Добредојдовте во уметноста на патувањето и живеењето

ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА - ТУРЦИЈА АНТАЛИЈА БОДРУМ КУШАДАСИ - ЕГИПЕТ ХУРГАДА ШАРМ ЕЛ ШЕИК - ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ - ЦРНА ГОРА - ХРВАТСКА - КИПАР - БУГАРИЈА - АЛБАНИЈА - ИТАЛИЈА - ШПАНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА - МАЛТА
  • ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА

КОПЕНХАГЕН

Посетете го највозбудливиот, најрелаксираниот и најкосмополитскиот град во Скандинавија, градот во кој се испишани најубавите бајки во светот - Копенхаген. Сместен е на два острова “Zealand” и “Amager”, претставува бизнис, културен и научен центар во регионот . Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали ќе се сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе може да го испиете првото утринско кафе со прекрасен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини од кои ќе ви застане здивот за миг.

kopenhagen

Топ 10 места од интерес:

1. Кралскиот театар
2. Музејот на Х.К Андерсен
3. Кристијаниа
4. Старото пристаниште
5. Паркот Тиволи
6. Кристијанборг дворецот
7. Пивницата Карлсберг
8. Данскиот Парламент
9. Малата Сирена
10. Дворецот Амалинборг

Предлог програма:

1 ден Предлагаме разглед на градот и посета на: Фонтаната Гефион, Статуата на Малата морска сирена, Музејот на Х.К.Андерсен, Палатата Амалинборг – зимска резиденција на кралското семејство, Кристијанборг дворецот, Данскиот парламент, Националниот музеј.
2 ден Предлагаме: Посета на Малме во Шведска и возење преку најголемиот мост во Европа „Oresund link“, посета на Плоштадот Сторторгет, Статуата на кралот Карл X Густав, Градската куќа, Црквата Св. Петар, плоштадот на Густав Адолф, плоштадот Лила во кој ќе уживате во многубројните кафулиња и ресторани. Вечерта посета на познатата Карлсберг пивница.
3 ден Предлагаме: Посета на паркот Тиволи, изнајмување на велосипед и возење по улиците на градот, или пак крстарење по каналите. 
4 ден Слободно време. Препорачуваме два часа пред летот да бидете на аеродром.

Цена: од 260 €

Во цената на пакетот е вклучено: 

- Авионски превоз на релација: Скопје–Виена–Копенхаген–Виена-Скопје

- Хотелско сместување во хотел *** / 3 BB 

- Аеродромски такси 

Летови: секој ден (со исклучок на вторник) 

* Цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на Авио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено: 

- Јавен транспорт од аеродром до градот 5€

Веб страната од туристичка агенција ЛИОН ОЛИМПИК е од информативен карактер.Со цел за потполна информираност Ве молиме сите информации да ги проверите директно во агенција,по телефон, е-маил или лично. Ви благодариме на разбирањето.