STAY INSPIRED

Experience the essence of travel

ОСТАНЕТЕ ИНСПИРИРАНИ

Доживејте ја суштината од патувањето

The harmony of travel

Хармонијата на патувањето

STAY IN TOUCH

Be as connected as you want to be.

ОСТАНЕТЕ ВО КОНТАКТ

Бидете толку поврзани колку што Вие сакате

Whenever. Wherever.

Кога ... и Каде

Being away from home or the office has never been so easy, so convenient, so inspiring

Далеку од дома и канцеларија никогаш не било полесно, толку згодно и толку инспиративно

STAY PASSIONATELY

You are special.

Ти си посебен

ОСТАНЕТЕ СТРАСНО

Stay with us and expect highly qualified service and support with a smile.

Останете со нас и очекувајте високо професионална услуга и поддршка со насмевка

Call it our passion.

Тоа е нашата СТРАСТ

Welcome to the art of travel living.

Добредојдовте во уметноста на патувањето и живеењето

ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА - ТУРЦИЈА АНТАЛИЈА БОДРУМ КУШАДАСИ - ЕГИПЕТ ХУРГАДА ШАРМ ЕЛ ШЕИК - ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ - ЦРНА ГОРА - ХРВАТСКА - КИПАР - БУГАРИЈА - АЛБАНИЈА - ИТАЛИЈА - ШПАНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА - МАЛТА
  • ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА

БАРСЕЛОНА

Барселона – кралицата на Каталонија, освојува на прв поглед. Град со прекрасна архитектура, град кој го воодушеви Пикасо, градот на Гауди, Хуан Миро, Колумбо, паељи, град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град кој го крие звукот на брановите и тајните на морнарите, град каде мирисот на морето Ве опива и заведува. Само еден ден, секако не е доволен да ја сфатите магичноста со која Ве мами оваа кралска убавица. Улицата Рамбла, најпознатата авенија не само во Барселона туку и во цела Шпанија, големиот Аквариум - втор по големина во Европа, брдото Монжуик, катедралата Саграда Фамилија, стадионот Ноу Камп, Магичните фонтани, се само дел од најпознатите туристички атракции на оваа убавица кои ќе допринесат, Вашиот престој да биде врежан длабоко во Вашите спомени. Дозволете убавите работи едноставно да бидат дел од Вас.

barcelona

Топ 10 места од интерес:

1. Саграда Фамилиа

2. Големиот Аквариум

3. Брдото Мон Жуик

4. Ноу Камп

5. Музеј на Пикасо

6. Магичните фонтани

7. Улицата Рамбла

8. Делото на Антонио Гауди“Casa Mila”

9. Паркот Гуел

10. Шпанско село

Предлог програма:

1 ден Уживајте во прошетката по најпознатата улица „La Ramble”, споменикот на Колумбо, Катедралата Саграда Фамилиjа, плоштадите Каталонија и Шпанија, Магичната фонтана, прочуеното недовршено дело на Антонио Гауди „Casa Mila”, плажата Барселонета, брдото Мон Жуик... 

2-3 ден Препорачуваме : Посета на паркот Гауди, Музејот на восочни фигури, музејот на Пикасо, музејот и фондацијата на Хуан Миро, Аквариумот, Шпанско село, одвојте дел од времето секако и за шопинг...Вечерта посветете ја на познатото Фламенко шоу и пробајте од единствената Сангриja.

4 ден Слободно време до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

Цена: од 154 €

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација Скопје–Барселона-Скопје
- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување во хотел *** / 3 BB 

Летови: вторник и сабота  
* цената и саатниците зависат од моментално расположливите места.

Во цената на пакетот не е вклучено: 
Трансфер: аеродром - хотел
- Препорачуваме трансфер со Aerobus, превоз до ценатрот на Барселона: 36 € во двете насоки.
- Приватен трансфер: aеродром - xотел = 58 € во еден правец

Веб страната од туристичка агенција ЛИОН ОЛИМПИК е од информативен карактер.Со цел за потполна информираност Ве молиме сите информации да ги проверите директно во агенција,по телефон, е-маил или лично. Ви благодариме на разбирањето.